All for Joomla All for Webmasters

ACVILLA-SMART - Вашиот сигурен деловен/домашен партнер!

Направете го Вашиот дом или деловен простор паметен и заштедете многу пари на електрична енергија со тоа што целосно ќе го контролирате од Вашиот мобилен телефон!

МОЈОТ ПАМЕТЕН ДОМ

Паметните домови од иднината се веќе тука! Дали сме подготвени за нив?
Дали сме подготвени да прифатиме предизвик и да си помогнеме во нашиот модерен и брз живот? Дали сакаме да си дадеме малку слобода, да заштедиме време, пари и да бидеме побезбедни? Дали сакаме климата да ја вклучиме на излегување од работа или пред да стигнеме дома? Дали сакаме да провериме дали пеглата или греалката се исклучени? Или можеби бојлерот да го вклучиме кога сме на гости?
Дали воопшто знаевте дека Вашиот паметен телефон е уште попаметен? Дека со него можете да заштедите електрична енергија многу?!
Вашиот паметен телефон може да Ве известува за моменталната состојба во домот, и тоа за оние параметри кои Ви се битни:
o Температурата во домот
o Влажноста
o Двожењата
o Сите уреди
o Видео надзор
Со вашиот паметен телефон бидете безгрижни и однесувајте се домаќински кон електричната енергија. Со Acvilla-Home пакетите сте сигурни дека сите уреди Ви се под контрола: пеглата или панелката се сигурно исклучени, климата е навреме вклучена, влажноста во просторијата е пријатна, имате топла вода во бојлерот доколку се враќате од патување или пак правите заштеди со тоа што од Вашиот мобилен ќе го уклучувате на ефтина струја, парното е навреме вклучено/исклучено, сите сијалици и штекери се под контрола, греалката е исклучена, бидете спокојни!
Ништо поедноставно! Имате листа на Ваши простории. Кликате на одредена просторија и на дланка ги имате сите електрични уреди и сите параметри во просторијата. Кликате на одредениот уред за вклучување, исклучување или подесување. Поедноставно, здравје! Почувствувајте ја слободата која ќе Ви помогне во модерниот и брз живот.
ACVILLA-HOME штеди време, пари, енергија ...

Контакт телефон

+389 (070) 200 286 | +389 02 3176 929

Што е домашна/куќна автоматика

Домашна автоматика може да претставува се она што Вие сакате да направите од Вашите домашни уреди за да си го олесните животот.

Домашната автоматика претставува менување на пристапот до домашните уреди на начин  што ќе Ви овозможи уредите да ги контролирате поефикасно, полесно, без директен пристап до нив.

Што се домашната автоматика може да содржи: далечинска контрола на светло, климатизација, медиа уредите, комплетна интеграција на сите уреди во вашиот дом, персонални подесувања на уредите кои се управуваат според вашите потреби. Домашната автоматика е се што ви дава автоматска контрола на уредите низ домот.

 

Современо техничко решение

Со користење на нашето Решение добивате можност на контрола на Вашиот објект од било каде во светот, во било кое време, независно дали пристапувате од интернет конекција или пак преку мобилен интернет.

Ккао Решение не вклучува измена на постоечката електрична инсталација (основните пакети) , додека за поголемите потрошувачи на електрична енергија како бојлер или парно ќе треба мала измена со поставување на далечински уреди или дозни според договор со Корисникот.

Апликацијата со која се управуваат далечинските уреди за домашна автоматика е универзална, оди преку Android или Apple оперативен систем, лесно се инсталира и одржува.

Решенеието вклучува дефинирање на сценарија: светло вклучено од саат до саат, да се исклучи клима уредот ако се отвори вратата, и понатаму.

 

 

ЗАШТЕДА

Домашната автоматика може да ја мери потрошената енергија, а со тоа и Корисникот да биде свесен како може да влијае на нејзината потрошувачка: да ја намали температурата на парното кога не е дома, да ги исклучи сите светилки од далечина ...

Сметките за електрична енергија во иднина ќе бидат поголеми, притисокот за нивно намалување ќе се зголеми, домашната автоматика нуди разни решенија.

Заштедата во исто време значи и сигурност: ги исклучувате уредите кои се евентуална причина за електрична незгода.

Решението може да обезбеди и систем на електрични вентили, да се вклучи и исклучи водоводната мрежа доколку има опасност, како и централното греење.

Вклучувањето и исклучувањето на бојлерот и сијалиците по потреба е основна функција на Решението, со можност за активирање на тајмер и целосно автоматизирање на функцијата.

Самиот тајмер претставува можност сите поголеми уреди како бојлер, парно да се подесат на користење само за врема на ефтина електрична тарифа (нивно полнење), без никакви активности од страна на Корисникот, што дополнително ја зголемува практичноста на Решението.

 

Безбедност

Решението вклучува алармен систем: лесно може да се поврзете со системот и да го проверите статусот на сензорите: дали вратите се отворени, кога биле отворени, дали во Објектото има присуство.

Додека сте надвор од домот можете да се вклучите, да ги погледнете камерите, да вклучите уред, во секој случај ќе добиете известување на апликацијата дали има неовластено влегување: самата апликација може да се подеси.

Алармот како Решение вклучува можност за активација и деактивација на автоматизирани уреди: доколку се напушти домот, заклучи вратата да се исклучи климата или парното, доколку има неовластено влегување да се вклучи медиа уред или хорна (дополнително се набавува) .

Сите овие уреди можат да се поврзат на УПС со многу мала потрошувачка и да бидат цело време спремни за активност или известување преку апликацијата.

Посебно внимание обрнуваме на уредите како пегла или шпорет: истите можат да се исклучуваат по желба на Корисникот (да погледне во апликацијата и да го исклучи уредот) да го направи тоа со тајмер, или пак да се поврззе на алармот и да се автоматизира.

 

Безжичност (wireless), модуларност

Решението е комплетно безжично.

Нема дополнителни кабли за поврзување на разните уреди, но мора да напомнеме дека секој уред користи наизменична електрична енергија 220V AC, и дека секој уред ќе биде поврзан на електрична енергија.

Решението може да се надоградува: основен уред е контролерот, сите други уреди се надоградуваат на контролерот.

Уредите кои се управуваат се: алармен систем со разни сензори, светилки, бојлер, клима уред, парно, панели, сирена, медиа уред, камери ...

Уредите се заштитени од вклучување/исклучување на напојувачката мрежа: при повторното исклучување на напојувалчката мрежа, уредите се подесени да не се  вклучуваат автоматски, туку повторно со мануелна команда, значи струјните удари кои настануваат со повторното вклучување на напојувачката мрежа ќе се избегнат. Ова на накој начин го зголемува зивотниот век на уредите.

 

Сработени проекти и задоволни клиенти

0

НАГРАДИ

0

КЛИЕНТИ

0

ПРОЕКТИ

0

ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

logo2belo

ACVILLA HOME: 
+389 2 3179 929
+389 70 200 286

Направете го Вашиот дом паметен, заштедете!

Информации

Контактирајте не

@ A-Home
Скопје, Македонија

T +389 070200286

F +389 02 3176 929